Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива и непотребна, донирајте ги парите за медицинските лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janko-bacev

Владата во Скопје тргнувајќи од бизнис менталитетот во погубното водење на државата, прво што направи по големиот успех на фудбалската репрезентација со пласманот на Европското фудбалско првенство, објави дека доделува награда од по 10.000 евра.

— реклама —

Но, владата заборава дека овој голем фудбалски успех не е прашање на пари туку е национална гордост за Македонија и дека овие средства за фудбалерите не се некоја сатисфакција бидејќи имаат убави годишни плати со играњето во странски клубови.

Затоа, Единствена Македонија ги повикува фудбалските репрезентативци да не го прифатат ова понижување и доделените владини пари да ги донираат за медицинските лица кои деноноќно и со месеци се борат со тешката здравствена состојба во земјата.

— реклама —

На тој начин и фудбалската репрезентатција на конкретен начин ќе покаже дека секогаш е на страната на народот. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Успехот на фудбалската репрезентација е настан со немерливо и историско значење и не треба да биде поматен со било какви непромислени одлуки од владата и од било кого, посебно во ова тешко време со коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања