Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Македонските јаничари Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за persona non grata во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев,се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во соопштението додаваат:

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Недозволиво е Захариева, Каракачанов и Ковачев од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија.

Македонија има меѓународно - правно признато право да прогласи одреден личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. А токму Захариева, Каракачанов и Ковачев кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарска идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.

— реклама —

Единствена Макеоднија смета дека во постоечките околности, нашата иницијатива е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси. Оттука, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања