Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија до Марешки: Ако е бал, нека е маскенбал, ајде да ја направиме големата држава со Солун како главен град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Единствена Македонија ја поздравува идејата на заменик-претседателот на Собранието на Бугарија Владимир Марешки за формирање заедничка голема држава. Но, единствениот пат до тоа е да се освои Солун како главен град на идната голема држава и затоа го повикуваме Марешки да тргнеме да се биеме за Солун, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Само така ќе го оствариме вековниот сон за голема држава на сите Македонци од етничка Македонија од која пиринскиот и беломорскиот дел и понатаму се окупирани од Грција и Бугарија. На тој начин, во новата заедничка држава ќе се најдат и македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и сега се главниот проблем меѓу Бугарија и Македонија. Исто така, со новата голема држава јасно ќе се разграничат Бугарите за кои цел свет знае дека влечат корени од татарско-монголското потекло.

Во однос на функциите што ги предлага Марешки во идната голема држава нека не се сеќира, лесно ќе дојдеме до тоа, а за почеток, еве првиот кмет на Солун ќе биде првиот македонски јаничар од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев... кој се осознал и вратил на своите изворни македонски корени,  се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања