Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Заев и Борисов да излезат со заедничка изјава за Мировниот договор и историската Бледска спогодба со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Единствена Македонија и македонскиот народ со неверување слушаат за интервју на Зоран Заев за бугарската БГНЕС во кое на штета на Македонија и Македонците се искривуваат општо познатите историски факти прифатени од светската историска наука, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

— реклама —

Единствена Македонија го повикува Заев да се извини за вчерашното опасно антимакедонско интервју и да побара од Бугарија реафирмирање на определбите од Мировниот договор со Бугарија од 1947 и историската Бледска спогодба од 1947 меѓу владите на тогашна Федеративна Народна Република Југославија и Бугарија.

Со Мировниот договор и Бледската спогодба од 1947 кои сеуште се меѓународно-правно важечки а Република Македонија е сукцесор според правилата на меѓународното право во областа на меѓународните договори, Бугарија е во обврска да не дозволи никаква дискриминација меѓу своите државјани и да ги осигура сите права на човекот и основните слободи со што во Бугарија во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, книжарници со македонски книги, македонски народен театар и други можности за изразување на македонската национална припадност и култура и на крајот откажувањето на Југославија од репарациите кон Бугарија кои беа одредени во износ од тогашни 25 милиони долари со Мировниот договор од 1947 година.

— реклама —

На тој начин се отвора патот за искрено добрососедство во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на ОБСЕ, а во услови на сегашното целосно негирање на Македонците во Бугарија.

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана националните интереси ќе преземе активна улога и за таа цел никогаш нема да се согласи со антимакедонските договори и нема да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања