„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Единствена Македонија до Заев: По силниот шамар од народот, повлечи се од договорот со Бугарија и побарај простување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Зоран Заев доби силен, речиси едногласен одговор од македонскиоот народ и државјаните на Република Македонија дека не се согласуваат со неговите ставови во интервју за бугарската агенција БГНЕС, а кои треба со посебен анекс да станат составен дел на Договорот со Бугарија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Тие во истото додаваат:

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија кажаа НЕ за непристојниот пазар: бришење на македонската нација, јазик, кражба на македонската историја и личности, откажување од Македонците во Пиринска Македонија, испревртување на општо познатите факти за бугарскиот фашизам во замена Бугарија да не стави вето за почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е незивесен факт за кое може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија и ќе опстане.

— реклама —

По силниот шамар за Заев од народот, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од Договорот со Бугарија и да побара простувањена од македонскиот народ за целосниот пораз на надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори со Грција и Бугарија ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата за националните интереси, одоговрност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања