Македонија

Единствена Македонија: Назначувањето на сомнителниот Бучковски за пратеник со Бугарија е тешко предавство – еве зошто

Единствена Македонија најостро реагира и силно го осудува назначувањето на Владо Бучковски за специјален пратеник со Бугарија.

Бучковски е познат со своите антимакедонски ставови за односите со Бугарија кои го прават поголем Бугарин дури и од македонските јаничари Каракачанов, Захариева, Ковачев… Бучковски на двапати го пљачкаше буџетот, еднаш преку Иснифарис Џемаили и втор пат преку набавката на т.н. тенковски делови за тенковите од Бугарија. Исто така, Бучковски носи вина за погибијата кај Карпалак како министер за одбрана кој не презел одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе бидејќи дури 40 дена пред трагичниот настан му беа доставени за натамошно постапување оперативни податоци дека на брдото кај Карпалак има вкопано група со прецизни податоци за нејзината локација, движење, воружување и бројност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

Назначувањето на Бучковски како крајно сомнително лице за прашања од витално значење за националните и државните интереси, во основа е длабок антимакедонски чин и тешко предавство со немерливи последици за Република Македонија.

За Единствена Македонија нема дилема. Се што ќе потпише владата во Скопје со кое на Бугарија се поклонува македонската нација, јазик, историја како и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија, ќе биде поништено, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

На почеток