Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Власта го губи компасот, го смета за голем успех тоа што Бугарија не множи со нула

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Единствена Македонија и честита на власта на рамнодушноста, но, не и завидува на наивноста и глупоста. Власта се фали со со успеси во решавање на спорните прашања со Бугарија а претходно и со Грција иако власта доживува целосен пораз со немерлива штета за македонскиот народ и македонската држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

— реклама —

Очигледно власта го губи компасот. Бугарија не множи со нула а власта го смета за успех бришењето на македонската нација, јазик, историја и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија.

Единствена Македонија прашува, каква е таа успешна политка со која се фали власта а Бугарија нуди непристоен пазар - датум за преговори за Македонија во замена за подарување на Бугарија на се што е македонско.

Како и да е, народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта. Дури Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доолку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.

— реклама —

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Македонија кон членство во сојузи и меѓународни организации согласно референдумската волја на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија од 30 септември 2018 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања