„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Единствена Македонија: Власта да не се плаши од народот и да го покаже антимакедонскиот документ што Бучковски го предаде на Борисов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Поминаа три дена од средбите на Владо Бучковски со државниот врв на Бугарија а од страна на владата во Скопје целосен молк што содржи документот што Бучковски го предаде на бугарските раководители. Засега едно е јасно. На јавната средба со Борисов се виде дека одродениот криминалец Бучковски кој на три пати го пљачкаше буџетот, без око да му трепне му вети на Борисов дека се откажува од Македонците во Пиринска Македонија. Но, засега останува нејано што уште има во документот од Скопје до Софија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од  Единствена Македонија додаваат:

Земајќи предвид дека владата во Скопје распродава се што е македонско во односите со Бугарија а претходно и со Грција, основано се претпоставува дека Бучковски предаде документ со кој продолжува обезличувањето на Македонците.

— реклама —

Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да не се плаши од народот и да го покаже антимакедонскиот документ што Бучковски го предаде на Борисов.

Власта во Скопје упорно одбива единство за прашања од витално национално значење наспроти бугарското единство на сите позициски и опозициски партии по прашањето за Македонија. Оттука, нема друо, освен со промената на власта во Скопје да дојде до целосно поништување на договорот со кој македонската нација, јазик, историја, Македонците во Пиринска Македонија се подаруваат на Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања