Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Единствена Македонија: Ќе се реактивира патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира“ за бојкот на пописот доколку власта турка фалсификат попис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popis-1

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските интереси се залага за поништување на пописот во 2002 година со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на нов попис кој реално ќе ја отслика бројноста на населението во Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Власта во Скопје најавува попис во април следната година, но, со законските решенија за пописот кои се подготвуваат уште сега е јасно дека СДСМ и ДУИ спремаат уште еден фалсификуван попис според кој Албанците ќе излезат преку 40 отсто. Што е поинтересно, овие законски решенија се спротивни на пописниот модел во земјите членки на Европската Унија а устата на власта е полна со европски вредности.

Јавноста очекува одговор, зошто власта се плаши и не овозможи поширока стручна дебата за пописниот закон туку го турка набрзина со т.н. европско знаменце а механзиамот со т.н европско знаменце е всушнот суптилна форма за шверцерско носење на закони.

— реклама —

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

— реклама —

Оттука, доколку во Собранието се усвојат пописни решенија за нов фалсификат на пописот во април догодина, Единствена Мкаедонија ќе иницира повторно активирање на патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира„ за кампања за бојкот на пописот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања