🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Погледнете што се има во лимузината на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

По десет години лимузината на американскиот претседател наречена „Ѕвер“ заминува во заслужена пензија. Најновиот претседателски автомобил, исто така „кадилак“, Доналд Трамп веќе го претстави пред јавноста, пристигнувајќи со него во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

— реклама —

Деталите за новата претседателска лимузина се оскудни бидејќи тајните служби ги кријат. Се знае само дека таа тежи меѓу седум и девет тони, додека другите карактеристики, од безбедносни причини, се држат во тајност.

— реклама —

Експертите за безбедност наведуваат дека автомобилот има противпожарен систем, ноќни камери, посебен систем за одбрана од ракетен напад итн.

Дизајнот на новиот „Ѕвер“ потсетува на претходниот модел, но безбедноста е крената на уште повисоко ниво, па лимузината има понапредни и непробојни стакла и некои додатоци што ги барал претседателот.

Исто така, во лимузината има и резерви на крв кои одговараат на крвната група на Трамп за итни случаи, додека распоредот на седиштата 2+3+2 е идентичен како и во претходниот модел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања