Единствена Македонија до Заев: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од договорот и побарај простување од народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Зоран Заев добива силни шамари на рати од Бугарија преку последователните документи на Софија како што се Декларацијата на бугарскиот парламент, Рамковните позиции од октомври 2019, Изјавата од март 2020, Објаснувачкиот меморандум на Бугарија до земјите членки на ЕУ и најновиот бугарски документ со 12 точки.

— реклама —

Сите овие бугарски документи се сведуваат на тоа дека треба да дојде до бришење на македонската нација, јазик, историја, култура, Македонците во Пиринска Македонија, а сето тоа како услов Бугарија да не стави вето за почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е незивесен факт за кое може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија ќе опстане, се вели во соопштението од Единствена Македониј,

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

По силниот шамар за Заев од Бугарија, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од Договорот со Бугарија и да побара простувањена од македонскиот народ за целосниот пораз на надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори со Грција и Бугарија ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата за националните интереси, одоговорност мора да има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања