Македонија

Единствена Македонија до Спасовски: Тепаше во Вевчани, но не ти кажале дека пркосот на Вевчанци не е исклучок, туку е правило

Единствена Македонија ја осудува вчерашната наредба на министерот во МВР, Оливер Спасовски, за употреба на полициска сила и тепање на народот во Вевчани, со цел, растурање и оневозможување на вевчанскиот карневал.
Но, Спасовски манифестира суштинско непознавње на работите и не знае дека Вевчанци имаа своја историја во отпорот спрема непријателите на Вевчани. На 8 август 1987 година, Вевчанци во Битката за водата застанаа во одбрана на своето. За првпат тогаш полицијата употреби електрични пендреци врз возрасни, жени и деца. Но, тогашните функционери од зедничката југословенска држава кои наредија тепање понесоа одговорност, се вели во соопштението од Единствена Макеоднија.

Во продолжение на истото додаваат:

Вчера, 34 години подоцна, полицијата по наредба на сегашниот министер во МВР пак ги тепаше Вевчанци кои повторно гордо застанаа во одбрана на своето – 1.400 години долгата традиција на вевчанскиот карневал.
Спасовски едно треба да знае. Пркосот кај вевчанци не е исклучок, туку е правило, а за тепањето на народот, одговорност мора да има.

На почеток