Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Целиот државен врв се дигна за палење на бугарското знаме, за вандалското антимакедонско однесување од Бугарија - целосен молк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bacev

Марионетската власт во Скопје уште еднаш ја покажа својата сервилност и плашливост и намерата докрај да оди според принципот „ведење глава и скршена кичма“ во распродавањето на државните и националните интереси.

— реклама —

Денеска се дигна целиот државен врв во земјата во врска со палењето на бугарското знаме. Но, месеци наназад бугарски политичари, новинари, професори, историчари..., секојдневно вандалски го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ што е недозволиво според меѓународното право а од македонска страна целосен молк и без ниту еден демарш против анитцивилизациската и антимакедонската политика на соседна Бугарија, се вели во соопштението од Едиствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

За волја на вистината вандалското антимакедонско однесување од Бугарија е дело на македонските јаничари во Бугарија од типот на Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.

Марионетската власт во Скопје едно треба да знае. Државите колку и да се мали имаат свои основни државни интереси и црвени линии од кои не отстапуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања