Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ИК на Единствена Македонија: Ќе има кампања против пописот доколку не се одложи и не се донесе закон според европски пописен модел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да не ги признае резултатите од пописот заради што ќе иницира кампања против пописот од 1 до 20 април. За таа цел, ИК формира комисија која треба да изнајде решение за креативна кампања на терен за запознавање на народот зошто треба да не го подржи пописот, но, и како да се избегне казната предвидена со пописниот закон, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Во актуелните околности кои го прават пописот да не е ист со кои било други нормални пописи во земјата и странство, Единствена Македонија не го признава пописот во април годинава од најмаку две причини:

— реклама —

Првата причина е законот за попис со кој на повидок е фалсификување на пописот бидејќи пописот се сведува на политички процес според однапред договорени проценти а не на статистичка операција која треба да ја даде реалната бројка на населението во државата.

Втората причина е тешката здравствена состојба во земјата. Кризата со коронавирусот покажува голем број на заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.

Затоа, Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.

Единствена Македонија со непризнавање на уште еден фалсификуван попис на конкретен начин покажува дека секогаш е до крај на страната на народот. Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува целосно посветена на спречување на фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања