Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија до владата: Како не ви е срам да просите вакцини, ако имате грам морал утре на Водици фрлете се во Вардар и да не ве гледаме повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Владата на Зоран Заев денес ја претвори Република Македонија во питачка држава која со просење од други држави ќе обезбедува вакцини. Денеска на Србија и падна жал, се смилува и на Македонија и даде некоја вакцина, а Заев без срам и достоинство најави дека во следните денови ќе бара подршка и од други држави или со други зборови со просење ќе обезбедува вакцини, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Ова во најмала рака е скандалозно. Република Македонија е посрамотена, понижена и прикажана како незрела држава во очите на другите држави.

Марионетската власт во Скопје на конкретен начин покажа дека нема институционален капацитет да се справи со пандемијата. Во ова тешко време на здравствена криза потребно е знаење, способност и достигнување а владата на Заев го нема тоа.

— реклама —

Република Македонија е држава со сопствен буџет и срамно и тажно е со обезбедени буџетски средства, владата не може на светскиот пазар за пари да најде и да купи вакцини како што направија соседните држави и пошироко државите во европски и светски рамки. Затоа, нема друго. Утре на Водици фрлете се во Вардар и фатете џанам да не ве гледаме повеќе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања