fbpx
сре. Мар 3rd, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Единствена Македонија: Ало Заев, твои функционери те демантираат со изјава до ЕУ дека законот за попис е усогласен со европското законодавство

Зоран Заев повторно лаже. Во секоја изјава во јавноста вели дека пописот во април ќе биде целосно според стандардите на статистичкото биро на Европската унија – ЕВРОСТАТ. Но, владини функционери го демантираат Заев, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Министерот за правда Бојан Маричиќ, директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски и раководителот на сектор извесен Слободан Малевски имаат заедничка своерачно потпишана писмена изјава од 25 декември 2020 со кои и потврдуваат на ЕУ дека нашиот закон за попис не е успогласен со европското законодавсто. Дури, овие владини функционери визионерски велат дека усогласувањето ќе било направено во следниот закон за попис во Македонија во 2031 година или по влегувањето во ЕУ.

Единствена Македонија останува на повеќе пати кажаното во јавноста дека доколку биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, на повидок е фалсификување на пописот во април.

Клучните одредби во законот за попис се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ. Дали Зоран Заев може да посочи барем еден земја-членка на ЕУ која има закон за попис како македонскиот закон предложен од владата на Заев?