Промени тема
Контакт

Единствена Македонија до Заев: Може да се заканувате и со 100 години затвор, кампања против фалсификуваниот попис ќе има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Марионетата Зоран Заев и неговите странски газди се во голема паника штом заедно со неговиот потрчко-директор од Заводот за статистика, наместо како досега со парични кзни, од вчера почнаа да се закануваат со 5 години затвор за сите оние кои не подржуваат уште еден фалсификуван попис во април годинава.

Заев секој ден со очајни пораки и трикови, а од вчера и со затворски закани се обидува да ги измами и натера граѓаните да излезат на пописот за да може да го фалсификува, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Народот да не наседнува на ова најнова лага од марионетската власт за кривична одговорност, бидејќи, таква законска можност нема.

Затоа, Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.

— реклама —

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Затоа вие можете да се заканувате колку сакате, дури и со 100 години затвор, кампања против пописот ќе има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања