Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Што уште треба да направат Каракачанов и Захариева за да се повика бугарскиот амбасадор во Скопје за протесна нота

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Бугарските министри за одбрана и надворешни работи, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева два дена ја бомбардираат Македонија со навреди што претставува најгрубо мешање во внатрешните работи на една суверена држава спротивно на меѓународните документи од оваа област, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Но, од страна на македонските власти целосен молк. Со тоа власта во Скопје продолжува да го руши угледот и достоинството на државата во меѓународните односи претставувајќи ја Македонија во очите на другите држави како незрела држава и држава со ограничен меѓународно правно - признат субјективитет.

— реклама —

Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да се охрабри и веднаш да го повика амбасадорот на Бугарија во Скопје за да му врачи протесна нота околу непримерните и недозволени навреди и мешање на Софија во внатрешните работи на Скопје за прашања кои влегуваат исклучиво во внатрешната јурисдикција на Република Македонија.

Единствена Македонија останува на ставот дека проблемот со бугарската држава се македонските јаничари во Бугарија како што се Каракачанов, Захариева, Ковачев Џамбаски... кои не издржале во историјата за разлика од бугарскиот премиер Бојко Борисов кој е горд на своето татарско потекло.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања