Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Како шо го осудуваме македонскиот национализам така за осуда е и денешниот албански национализам на протестот во Скопје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protesti-igor

Како шо го осудуваме македонскиот национализам така за осуда е и денешниот албански национализам на протестот во Скопје. Веќе е неприфатливо во центар на Македонија (која е заедничка држава на сите) да се истакнуваат големоалбански карти кои одамна треба да се минато. Не треба соживот туку живот едни со други. Соживот е исфорсирана кохабитација. Од двете страни има екстремни групи кои се против овој концепт. Нормално дека ќе се поразени, ни Македонија ќе остане без Албанци, ни западниот дел ќе биде одземен. Многу ми е мило што кај неколку пријатели Албанци видов осуди за овој чин, напиша на својот ФБ профил Божидар Божиновски.

— реклама —

Божиновски во објавата додаде:

— реклама —

Тука во полн ек излегува и еден од најголемите проблеми на нашето општество - неказнивоста. Видовме дека не беа почитувани протоколи (за истото во Вевчани специјалци реагираа) додека овде не беше тоа случај, иако протестот беше најавен неколку денови наназад.

— реклама —

Гледам и многу бес на социјални мрежи. Разбирливо, национализмот раѓа национализам, сѐ надевам дека нема повторно да паднеме во таа спирала на насилство и омраза едни против други. Многу години изгубивме во омраза, во кавги, а сепак ја делиме истата сегашност и иднина.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања