Македонија

Спасовски: За протестот за „Монструм“ има и кривични и прекршочни пријави

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најавува дека за протестот организиран во петокот за поддршка на обвинетите во „Монструм“ ќе има кривични и прекршочни пријави.

Најавата тој ја даде од собраниската говорница на дебата за измените во Законот за полиција, кога пратеникот Бране Петрушевски, забележа дека во изминатиот период имало селективно постапување на полицијата кога има групирања, односно на Вевчанскиот карневал имало сериозна полициска интервенција, додека на протестот немаше полициско дејствување, објави 360stepeni.mk.

„Нема ниту еден настан на кој не се делува, претпоставувам дека мислите за протестот во петокот. Секако таму има и кривични пријави, постојат и прекршочни пријави. Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од одделот за насилен криминал и јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски одговарајќи на забелешките.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

фото: Архива

На почеток