Македонија

Еко-Свест: Фактите се тука, загадувањето и неговите последици по се тука, мора да реагираме брзоза да се заштитиме

Аерозагадувањето прераснува во проблем кој ветува црна иднина во нашата држава доколку не се спроведат краткорочни и долгорочни мерки од страна на институциите.

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест од Скопје во 2019 година приложи до јавноста анализа на препорачани мерки кои тие ги доставиле до институциите, мерки од ОН кои се покажале успешни во решавање на проблемите, како и анализа на дотогаш спроведените мерки од државата кои процентуално прикажани според програмата спроведени се 30% краткорочни мерки, а од среднорочните и долгорочните се нешто повеќе од 31% односно од вкупните предвидени мерки, само 30.81% се во план да бидат спроведени или веќе се спроведуваат.

– Во нашата анализа ние побаравме десет итни мерки, краткорочни и долгорочни да се доведат од надлежните институции. Меѓу кои беа и донесување на закон со кои што се забранува употребата на јаглен за загревање, за кој имаме подготвено нацрт и предлог закон и започнавме со разговори со надлежните институции. Како што знаеме дека емисиите од загадувањето главно доаѓаат од секторот загревање во кои покрај домаќинствата голем дел од товарот сносат административните објекти, иако властите веќе почнаа со преземање на мерки за менување на ова, се уште голем дел од институциите, болници и останати административни објекти користат несоодветно гориво за загревање. Од аспект на сообраќајот побаравме ограничување на движењето на возила во централното градско подрачје (комплетно или делумно) и нов зимски сообраќаен режим, секако покрај овие потребни се системски и долгорочни решенија кои трајно ќе го подобрат аерозагадувањето од овој сектор. Потребно е властите да имаат поголема контрола врз компаниите за технички сервис и да не дозволуваат да се издадат дозволи на возила кои што загадуваат повеќе од дозволеното. За да се стимулираат корисниците да се вратат на мрежата наша препорака беше намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија со што цената за централно греење значително би паднала, меѓу останатото. Фактите се тука, загадувањето и неговите последици по здравјето и околината се тука, и мора да реагираме брзо за да се заштитиме. – истакнуваат од Еко-свест.

Анализите на скопскиот регион предвидуваат покачување на аерозагадувањето и за 30% до 2025 година доколку не се преземат сериозни и системски мерки, слика која е слична и во другите високо загадени градови во Македонија.

Извештајот за квалитет на воздух од 2019 година на Европската агенција за животна средина,1 во 2017 година покажа дека Македонија ја имала највисоката просечна концентрација на ПМ2.5 честички во Европа. Според тој извештај, ПМ2.5 честичките предизвикале предвремена смрт на 3400 граѓани во државата, а поради изложеноста на азотните (NO2) оксиди на 110 граѓани. Од друга страна, Светската здравствена организација ги „обвинува“ ПМ10 честичките во воздухот за предвремена смрт на 1350 граѓани во нашата држава.

Во најзагадените градови се Скопје, Тетово, Кичево, Битола, со тоа што како градови со мерни станици за загадување Битола, Скопје и Тетово секоја година се наоѓаат на листата на најзагадени градови во државата а и во Европа.

Еко-Свет континуирано работи на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување. Во земјава е потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практитки врз состојбата со амбиеталниот воздух, а тоа се реализира преку проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животната средина, финансиран од Делегација на Европската Унија.

фото: Архива

На почеток