Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(ФОТО) Царинската управа има 5 кучиња трагачи, едно од нив ќе се пензионира, но како донација од Германија добиваме 4 нови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
5

Кучињата трагачи денес беа во посета на Царинската управа заедно со своите водачи. 5те кучиња Џери, Барон, Пимбо, Арон и Раф се дел од Царинската управа уште од 2000та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици. Имаат учествувано во повеќе акции кои се успешно реализирани.

Оваа година Џери ќе биде пензиониран, а на службата за мобилни тимови на Царинската управа ќе им се придружат 4 нови кучиња како донација од Германија. Овие кучиња од 9 месечна возраст се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци.

— реклама —

— реклама —

Директорот на Царинската управа и претставници од Секторот за контрола и истраги ја истакнаа својата поддршка кон царинските службеници од мобилниот тим кои се одговорни за кучињата трагачи. Оваа единица во Царинската управа е од особена важност во борбата против криминалните активности и прекршоци.

— реклама —

фото: Царинска управа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања