Охриѓанец Марио Шапкар кој има неверојатен талент, го освојува светот. Неговите цртежи изработени само со молив ги воодушевуваат сите, дури и најголемите уметници. Најдобар пример за ова последниот негов цртеж, за кого доби пофалби дури и од Келвин Окафор, најдобриот хиперреалистички уметник во светот.
-Келвин Окафор отсекогаш ми бил најголема инспирација, тој беше и причината поради која почнав да цртам пред неколку години. А, последниве седмици одвоив доста време за да го нацртам неговиот портрет и тоа целосно се исплати со тоа што тој ме објави на неговиот инстаграм профил, ме заследи и ми остави комплименти што од една страна ми претставува огромна чест и задоволство, а од друга страна сѐ повеќе ме мотивира да се унапредувам во иднина, вели Марио за Скопје 1.
Инаку Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.
Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.
Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.
Неодамна Шапкар за Скопје 1 раскажа дека со почнувањето на средното образование, почнал да цртам портрети од членови од неговата фамилија, со што го открил својот талент и се насочил кон усовршување и константно вежбање кое со текот на времето му носи големо задоволство.
На прашањето кој му е омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати, Шапкар вели:
– Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед.
Делата на Марио Шапкар од сега може да се најдат и на порталот Kupionline.mk
Фото: Марио Шапкар