„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
4natasa

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период.

— реклама —

За таа цел, директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изврши увид на моменталната состојба на оваа локација, а како што најави, градежните активности ќе започнат веднаш штом ќе завршат законските рокови околу тендерската постапка.

-„ Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во Македонија, „Охридско лето“.  Од друга страна, таа ќе биде и удобно катче за публиката. Планирано е, градежните активности да завршат во декември, вели Поповиќ.

— реклама —

Според директорката, сцената ќе претпрпи комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот и заради заштита од атмосферски влијанија.

Што се однесува до гледалиштата на „Долни Сарај“, ќе биде извршена комплетна санација на постоечките, а ќе се постават и ново западно и ново централно гледалиште, со што, капацитетот наменет за публиката ќе се зголеми за околу 40 отсто. Исто така, проектот предвидува и проширување на пристапниот влез за товарни возила до самата сцена.

Комплетно санирана ќе биде и терасата на „Долни Сарај“ која лежи над самото Охридско Езеро. Таму ќе се реновира подот, како и постоечката бетонска ограда. Проектната документација предвидува и комплетно реновирање и проширување на пристапните скали кон терасата.

Предвидено е и некоклукратно зголемување на капицитетот на електричната моќност, а целиот простор ќе добие и ново хортикултурно уредување.

Целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиони денари, од кои 1,4  милиони денари ги обезбеди Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за култура за 2018 година, а останатите средства, фестивалот ги обезбеди  претходно со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања