Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Спасовски и раководството во МВР го допреа дното - си обезбедија бесплатно јадење и пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
janko-bacev

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши, државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го допреа дното.  Овие лица со најтесниот круг вработени во нивните кабинети си обезбедија бесплатно јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР каде е сместена оваа самопрогласена полициска елита, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на соопштението се додава:

— реклама —

За разлика од нив, десетици илјади вработени во МВР вклучително и полицајците кои секојдневно на терен се соочуваат со големи предизвици и опасности, сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време.

— реклама —

Спасовски и полициската елита има плати од 65.000 до 80.000 илјади денари а полицајците околу 25.000 денари и наместо полицијаците да добиваат бесплатна храна во текот на работното време, бесплатно јадење и пиење добива врвот во МВР.

Оливер Сапсовски и раковдството во МВР без грам морал и срам продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници. Спасовски и поцискиот врв на грбот и потта на народот си обезбедува бесплатна храна. Барем да сработија нешто во интерес на државата и народот кога сведоци сме дека нивни активности се на антимакедонска основа. Живееме во време кога МВР ги претвори Македонците во народ од втор ранг во сопствената држава.

Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни и честити политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања