Македонија

Се очекува да пристигнат 200 000 кинески вакцини, еве како ќе тече имунизацијата

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакацинација на 100 илјади граѓани.

Министерот дополна дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата, нагласувајќи дека здрвствениот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. Закажувањето за вакцинацирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“, а имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови. Здравствените работници ќе се вакцинираат на пункт во поликлиниката во Букурешт.

Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцината, потоа секој матичен лекар добива листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку да, се закажува термин и локација за вакцинаца, доколку не сите податоци се враќаат во системот.

Според приоритетниот план за вакцина први ќе бидат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица , во установи со лица со посебни потреби, како и матични лекари.

Втората група ги опфаќа лицата кои се на возраст од 70 години, а во третата останати здравствени работници, стоматолози, фарамцевти , лица изложени на ризик , новинари.

Министерот рече дека вакцината е безбедна и сертифицирана, лесно се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени.

фото: Архива

На почеток