Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Зошто се крие дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или со описна додавка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bacev-1

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски вчера зборуваше детално околу пописот, односно, за бројот на прашањата, начинот на попишување на дијаспората, пописните комисии и други прашања.  Но, директорот на ДЗС како и владата на Заев сеуште одбиваат да одговорат на клучното прашање - дали Македонците во графата за национална припадност ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има описна додавка, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Единствена Македонија го упати ова прашање до власта во Скопје уште на 16 јануари, но, одговор нема.

— реклама —

Апелираме власта да се вразуми и да го одложи пописот и да го измени Законот за попис за кој власта и понатаму лаже дека е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Клучните одредби на Законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ за што постои изјава доставена до ЕУ од 25 декември лани од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на ДЗС.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ заради што ќе има кампања против пописот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања