Четириесет годишниот велешанец Димче Ацков, пред две години, се исселил од Велес во блиската населба Долно Оризари поради загадената животна средина во родниот град. Тоа го сторил, како што вели, откако ја започнал изградбата на неговата еколошка куќа на дедовиот плац. Ацков цели две години го градел новиот, природен дом, објави galama.club.
Денеска оваа куќа нуди неверојатна глетка за посетителите на кои Ацков им раскажува за природните материјали како глина, вода од река Тополка и трева помешана со земја и со слама што му служат како покрив.
– Мојот главен мотив е градењето на еколошка свест. Јас преку мојот живот сакам да им објаснам на луѓето дека може да се живее на начин кој е различен од модерниот, дека може да се користи технологија но загадувањето да биде пониско, рече Ацков, сопственик на природна куќа во Долно Оризари за порталот Дума.мк
Текстот во целост на: galama.club.
фото: Принтскрин Фејсбук