Ангел иако најмал во семејството тој е најголем борец. Има 2,5 години и се соочува со најголемата битка до сега. Дијагностицирана му е конгенитална сколиоза од 66 степени која мора итно да се оперира, за да се спречат бројни компликации, како и да му се овозможи правилен раст и развој.
Поради стручноста и искуството, лекувањето ќе се изврши во Турција, каде родителите добиле позитивни одговори за подобрување на здравјето на Ангел.
Средствата за операцијата се превисоки, и родителите на Ангел не можат да ги обезбедат без помош од граѓаните.
Состојбата на Ангел од ден на ден се менува, болеста прогресира и секој изминат ден е драгоцен.
Родителите упатуваат апел за помош, ова се следните броеви и трансакциска сметка на кои може да му се помогне на малиот Ангел:
А1 143-456 Телеком 143-134
За Македонија сметка за донација на име Ангел Ацковски: 210700000661967 НЛБ Банка
За странство: IBAN МК07210501748033266
SwiftTUTNMK22