Клиниката за пулмологија изработи и протокол за дозирање и употреба на Ивермектинот во Македонија. Директорот на оваа клиника, доктор Дејан Докиќ, за „Слободен печат“ објаснува дека опсервациски, од она што може да го види кај пациентите, но и кај негови блиски од непосредното опкружување, Ивермектинот има ефект.
– Ивермектинот има механизам врз основа на кој делува. Тој спречува навлегување на протеини од вирусот САРС- Ков-2 во јадрото. Јадрото е како сеф, не може секој да влезе. Клетката се брани така што лачи интерферони. Интерферонот поттикнува антивирусни процеси во нападнатата клетка, излегува од неа, оди кај соседните клетки и им сигнализира дека има вирус и да ја спремат антивирусната одбрана. На син ми му го дадов кога го дијагностицираа и немаше температура, туку само загуби вкус и мирис. И јас сум се напил и досега не сум добил Ковид 19. Опсервациски сметам дека има ефект, објаснува доктор Докиќ за Слободен печат.
Текстот во целост на: Слободен печат.
фото: Архива