Актуелно

Единствена Македонија: Прифатлива е етничка определба во личните карти, но само како чисти Македонци без додавка – еве зошто

Единствена Македонија подржува законско решение во личните карти да се пишува и националната определба, но, само доколку Македонците се запишуваат како чисти Македонци без било каков опис и додавка, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат дека ова е посебно значајно за Македонците од неколу причини:

Прво, со Договорот со Грција се брише името и идентитетот на македонскиот народ, а националната определба во личните карти како Македонец/Македонка е во прилог на афирмација на Македонците, посебно во ова тешко време кога сме изложени на удар од соседите за бришење на се што е македонско.

Второ, во едно догледно време кога ќе се обноват постоечките лични карти поради истек на рокот, тоа би било индикатор да се преброиме по етничка припадност, што е посебно значајно во услови кога бројноста на албанското малцинство заради проценти од т.н рамковен договор се прикажува преку фалисфикувани пописи.

Трето, се спречува можноста за калкулирање и лажно претставување на етничката припадност заради вработување според уставната можност за соодветна застапеност при вработување каде личната карта е основен документ.

Четврто, личната карта е документ со кој веќе се патува во земјите во регинот а во догледно време и пошироко, со што се овозможува јасна слика на лицата кои вршат казнени дела во странство а кои во најголем дел се Албанци, а во тамошната странска јавност се прикажуваат како Македонци од Македонија што е лош впечаток за Македонија и Македонците.

За Единствена Македонија единствено прифатливо решение е во личните карти да стои само Македонец/Македонка без додавки и без опис во смисла на Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија. Веруваме дека не постојат Македонци кои не би сакале да се запишат како Македонец/Македонка.

фото: Архива

На почеток