Актуелно

Бачев: Ќе ја победиме марионетскат власт во битката за пописот како што ја победивме со народот и во битката за референдумот

Денеска, 18 организации од земјата подржани и од македонските организации од Канада, Америка, Австралија и Европа потпишаа Повелба за стратешка соработка против фалсификување на пописот и негово одложување поради КОВИД – 19.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на настанот истакна:

-„Убаво е чувството што ние од Единствена Македонија сме заедно со националните и патриотските сили кои секогаш се на првата линија во одбрана на највисоките национални и државни интереси.
Но, чувствата се поматени оти повторно сме исправени пред предизвикот да водиме битка од немерливо значење за Татковината. На повидок е фалсификување на попис во април со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста а кој може да има и живото- загрозувачки последици во услови на здравствена криза.
Јас сум убеден дека ќе ја добиеме и оваа битка, како што заедно со народот сите што сме тука ја добивме референдумската битка со големата референдумска победа во септември 2018.
Ќе успееме и во оваа битка да спречиме попис односно да го направиме неуспешен со мал процент на попишување од граѓаните и да и покажеме на власта дека не признаваме нелегален, нелегитимен, криминален и живото-загрозувачки попис во тешка здравствена криза.

Денеска на конкретен начин покажуваме дека сме на страната на народот.
Секој обид за фалсификување на пописот и загрозување на здравјето ќе го сметаме за велепредавство спрема Републиката, за што, одговорност мора да има.
Ние мора да го спречиме лудилото на власта да го фалсификува пописот и да спроведе попис во тешка здравствена криза.
Почитувани пријатели, судбина ни било добар дел од својот живот да го посветиме во борбата за Македонија, еве сега пак ќе водиме кампања за да го спречиме лудилото на власта да го фалсификува пописот и да спроведе попис во тешка здравствена криза.
Но, ништо неможе да не поколеба кога се работи за Македонија.
Ќе ја победиме марионетската власт во Битката за пописот како што ја победивме и во Битката за референдумот. Нашата борба продолжува се додека не си ја вратиме државата назад.
Битката за Македонија никогаш не запира!
Да живее Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.

фото: Единствена Македонија

На почеток