Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите седум дена имаме одличен резултат, Македонците во странство масовно не се попишуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја известува јавноста дека во првата недела од пописот во странство имаме одличен резултат.

— реклама —

Тие во соопштението велат:

Македонците во странство масовно го пифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, досега се попишани околу 20.000 лица од кои дури 90 отсто не се Македонци.

— реклама —

Браќа Македонци и сестри Македонки, продолжете со овој тренд и понатаму да не се попишувате. Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа Македонија дефинитивн го губи темелот на државноста, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати. Настрана фактот што бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство и податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.

фото: Националниот Блок „Не отворам врата“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања