Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Национален Блок „Не отворам врата“: Власта го губи компасот, ќе правела попис на бројка од 1.000 дневно заразени од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ и честита на власта за рамнодушноста, но, не и завидува на глупоста. Власта се фали дека ќе спроведе безбеден попис со заштитни протоколи иако власта доживува целосен пораз и покажува дека нема институционален капацитет да се справи со здравствената криза, се вели во соопштението од Национален Блок „Не отворам врата“.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Очигледно власта го губи компасот. Дневната бројка на новозаразени од вирусот надмина 1.000 случаи. Пандемијата се засили, бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

— реклама —

Националниот Блок „Не отворам врата“ го повикува народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта дека ќе правела безбеден попис.

Доколу власта опстане на лудата идеја по секоја цена да турка фласификуван и живото-загрозувачки попис, во тој случај народот да не се попишува. Ја користиме приликата да ја информираме јавноста дека Македонците во странство масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, од досега попишаните дури 90 отсто не се Македонци.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања