Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Денешниот 20 март е еден од датумите кога пред 30 години погрешно се поставија темелите на самостојна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bacev-1

На денешен ден, поточно на 20 март 1991 година, Собранието ја избра првата влада или попозната како експертска влада во самостојната македонска држава.

— реклама —

Експертската влада беше еден интересен спој на министри, од кои еден дел на врска со Бугарската национална разузнавачка служба (БНРС) и еден дел на врска со Контраобавештајната служба (КОС), се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Претходно Собранието го избра за претседател Киро Глигоров, кој, како долгогодишен сојузен функционер и соработник на КОС дојде како делегиран човек од Белград во прв момент да го спречи македонското осамостојување, но, залудно, бидејќи западот во прв ред Германија беше решена по секоја цена да го истурка распадот на СФРЈ.

За претседател на Собранието беше избран Стојан Андов исто така долгогодишен миленик на сојузните известителни служби, кој не сакаше да слушне за независнот и јасно велеше дека е можна суверена Македонија, но, само во рамките на Југославија. Дури, на најнзачајниот чин, референдумскиот 8 септември 1991, Андов во попладневните часови брзопотезно го напушти Скопје и замина во Дојран каде наредниот ден рано сабајле ја напушти државата и замина во Грција.

Значи, на трите клучни функции во државата беа поставени сомнителни лица.

Триесет години подоцна, повторно во Македонија имаме инсталирана марионетска влада од странски центар со задача да го изврши националното злосторство врз македонскиот народ и македонската држава.

Единствена Македoнија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Остануваме во битката за одбрана на Македонија и Македонците. На потег е народот!

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања