Националниот Блок „Не отворам врата“ повикува ова лудило на власта по секоја цена да турка фалсификуван и живото-загрозувачки попис, да престане. Веќе станува јасно дека на пописот што сега се одвива во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.
Во продолжение на истото тие додаваат:
Според најновите информации, Артан Груби договорил во Тирана ангажирање и на албанската шпионска служба да собира матични броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот.
Пописот стана еднонационален. Пописот мора да се одложи. Ги повикуваме нашинците во странство да продолжат да го следат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, да го направиме пописот неуспешен.
Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.
фото: Архива