Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев на гробот на Методија Патче: Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

По повод 119 години од смртта на македонскиот револуционер Методија Патче, во организација на Општинскиот комитет на Единствена Македонија беше положено цвеќе на неговиот гроб во Кадино Село, Прилепско.

— реклама —

На настанот присуствуваше и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој истакна:

— реклама —

-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на големиот македонски револуционер, војвода и учител Методија Патче, кој, на денешен ден пред 119 години, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.

— реклама —

Методија Патче на 6 април 1902 година дошол во Кадино Село на селската слава Благоец со шестмина свои војводи за да покрсти нови членови на Организацијата. Тука биле предадени и во нерамноправна 24 часовна битка со околу 500 турски војници, наредниот ден на 7 април кога им снемува муниција, исправени пред изборот - да се предадат или да умрат, со последните куршуми се самоубиваат.

Нијазим Бег кој раководел со турските војници, импресиониран од херојска смрт на Патчев и комитите наредил почесна стрелба за храбрите македонски револуционери.

Но, денес морам да го изразам големото разочарување, бидејќи ние, оваа генерација Македонци не сме на висината на задачата. Ние ја губиме државата а сето тоа немо го посматраме и си молчиме, како Македонци покажуваме знаци дека го губиме државотворниот капацитет, нешто што е најстрашно.

Време е да станеме и да кажеме ова е наша држава, ние одлучуваме, да понудиме одговор и во име на нашите претходници и потомци, да си ја вратиме државата назад и силно да извикаме, ДА, јас бев дел од таа генерација Македонци, и си ја зачував државата.

Не им било лесно и на Методија Патчев и неговите современици. Можел и Патче и Гоце Делчев и Даме Груев да си бидат учители, да седат мирни со учителската плата и да не бидат револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Моја обврска е да ви го кажам ова. Јас не сум во политката да ја барам довербата со лигавење кон народот, туку со вистината. Станете да се бориме за нашата држава, нашата татковина и да ги запреме овие марионети на „ѕверот“ кои 30 години ни ја уништуваат државата.

Сакам да порачам, да се заветам, во битката за Македонија, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија.

Да ни е жив споменот на Методија Патче!

Да ни е вечна македонската држава!

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања