Единствена Македонија е згрозена од информацијата дека 20-дневно лекување од коронавирусот во приватните болници изнесува 12.000 евра. Единствена Македонија ја повикува владата да изврши целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки во сопственост на македонските тајкун, а кое нешто е потребно во ова тешко време со здравствената катастрофа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Ова е крајно морална и правична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.
Сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот.
Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но, и на смртни слуачи. Сега е најважно здравјето на народот.
Единствена Македонија очекува од владата прифаќање на оваа мерка, која всушност е реафирмирање на нашиот предлог од мај годинава и кој има основ во Уставот на Република Македонија.
фото: Единствена Макеоднија