„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Вучиќ и Путин ќе се сретнат на 2 октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
vucic-putin-696x419

Српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва информираат дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

Според овие информации, двајцата претседатели по разговрите нема да даваат изјави за медиумите, што досега, според бројните меѓусебни средби беше правило, а не се највени ниту темите на разговорите.

— реклама —

Вучиќ и Путин последна средба ја имаа во мај годинава, за време на Воената парада во Москва.

Рускиот амбасадор во Белград Алекандар Чепурин, при неодамнешната средба со Вучиќ, истакна дека оваа посета ќе се одржи во важен надворешно-политички момент за Србија и за Русија.

– Нашето заедничко дејствување е исклучително позитивно. Насочено е кон зајакнување на односите на нашите земји кои влегоа во фаза на економски напредок и национална преродба – изјави Чепурин.

Тој истакна дека состанокот меѓу Вучиќ и Путин ги потврдува добрите лични односи и взаемното почитување на двајцата претседатели.

– Нашите посебни односи не се пречка за развојот на односите со трети земји, на пример на Србија со ЕУ”. Напротив – посочи рускиот амбасадор во Белград.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања