Актуелно

Средба на Бачев со францускиот амбасадор Бомгартнер: Земја со безаконие, марионетска власт и политички затвореници нема што да бара во ЕУ

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од генералниорт секретар Ацо Николовски, попладнево оствари двочасовна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер.

Бачев му посака добредојде во земјата на амбасадорот Бомгартнер. На средбата се разговараше за инсталираната марионетска власт во Скопје, пописот, фалсификуваните избори, политичките затвореници во земјата и стратешките приоритети на Единствена Македонија.

Претседателот на Единствена Македонија посочи дека Македонија е исправена пред предизвикот да си ја вратиме државата назад која се распродава од марионетска власт во Скопје. Бачев истакна дека е загрижувачки пеколниот план на марионетската власт за бришење на се што е македонско со антимакедонските договори со Бугарија и Грција, законот за двојазичноста и најново, спроведување на фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

На средбата се разговараше и за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите. Исто така беше пренесено дека не го признаваме тешкиот изборен фалсификат спрема Единствена Македонија од 15 јули за што во јавноста се дадени доволно докази како е изведен изборниот фалсификат и зошто Единствена Македонија морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.

Бачев детално го објасни планот и причините како се наместени неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април и како се судени во монтиран политички процес со лажен заштитен сведок. Притоа Бачев го илустираше и објасни ова преку примерот со монтираниот процес и осудата на стариот Методија Андонов Ченто и младиот Јане Ченто кои се осудени на идентичен начин само поради неизмерната љубов спрема Македонија.
Истовремено Бачев истакна дека земја како Македонија во која владее безаконие, криминал, корупција, марионетск власт, политички затвореници, фалсификување избори и попис, не и е местото во ЕУ, односно, вакви работи не се својствени за држава која претендира за членство во Европската Унија.

Амбасадорот Бомгартнер пројави интерес околу определбите на Единствена Македонија. Бачев пренесе дека светот се менува, се менува и Европа. За Единствена Македонија светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Единствена Македонија е со определба за поништување на договорите со Грција и Бугарија како спротивни на меѓународното право, изградба на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право како во сите современи европски држави, службен јазик македонскиот јазик и неговотот кирилско писмо, почитување на традиционалните вредности, националниот и религиозниот идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

Бачев му посака успешна работа на амбасадорот Бомгартнер во неговите бројни активности и иницијативи низ Републиката посебно на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ.

Фото: Единствена Македонија

На почеток