Македонија

Рашковски насочувал друг осомничен да зборува “стручно” пред обвинителите, бидејќи биле глупи

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, од куќен, попладнево е во ефективен притвор во Шутка откако кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја прифати жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој никој не го користи.

„Никогаш не сме аргументирале толку педантно и толку обемно дека првоосомничениот е имотен, може да бега и спокојно да живее во бегство и оти може да влијае врз сведоците во постапката што се води против него. Истото се однесува и за второосомничениот“, ни изјави Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.

Преиначена е одлуката и за второосомничениот, сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчески, кој исто така оди во Шутка, место во куќен притвор.

Од судско-обвинителски извори, САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека четвртоосомничениот во истрагата не успеал да го форматира телефонот пред да му биде одземен и во една од пораките, првоосомничениот Рашковски му вели: „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.

Дополнително, САКАМДАКАЖАМ.МК доби потврда од очевидци, професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, дека претрес во истрагата против Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластувањата се вршел и таму, бидејќи фирмата „Инвока“ ја користела и канцеларијата на Рашковски, кој во Владата дојде од Правниот факултет.

Во одземените компјутери на „Инвока“ бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

На почеток