Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
27-april

27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја. Македонски патриоти на 27 април влегоа во собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица.

На 27 април било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова на своевиден начин е потврдено при давањето на мандат за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

На 27 април осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината.

— реклама —

Во 2001 година имаше слобода за припадници на албанското малцинство за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Единствена Македонија како и македоснкиот народ знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1. Одговорнот мора да има, и ќе има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања