Актуелно

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на работниците им го честита 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот.

-„Во име на Единствена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да ви го честитам 1-ви Мај и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 30 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани.

Коренот на злото за работниците е во македонската криминална, нечесна и неморална приватизација што ја направи СДСМ а во која одбрани транзициски бандити бесплатно си го присвои општествениот капитал кој 45 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

СДСМ направи во криминалната приватизација да се опљачка општествениот капитал од околу 5 милијарди тогашни германски марки, а околу 200.000 работници останаа на улица. Дополнително, транзициските бандити на СДСМ во тоа време украдоа уште 2 милијарди германски марки од шверцот на нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема тогашната Сојузна Република Југославија.

Овој грабеж на работниците е документиран во Службата за државна безбедност во рамките на Оперативните акции „Трансформација“ и „Монета“, меѓутоа, три децении останува закочен во фиоките на тајната полиција.

Грабежот на народот продолжува и во изминатите 5 години на власта на СДСМ со Зоран Заев во услови кога марионетската власт на Заев плива во криминал, корупција и безаконите.

И не случајно носителите на власта во Македонија во изминатите 30 години кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот.

Работниците заслужуваат подобро. Но, ова е можно само ако биде исправена историската неправда со бесмилосниот грабеж на работниците. На овој план, Република Македонија мора да го изоди уште еднаш патот од 1991-та.

Затоа, Единствена Македонија не дава празни ветувања. Единствена Македонија ќе расчисти со приватизациските и постприватизациските бандити кои ги опљачкаа работниците, храбро, решително и во интерес на работниците. Со ревизија на приватизацијата и постприватизацијата укрденото мора да се одземе и да се врати на народот“ – потенцираше Бачев.

На почеток