Промени тема
Контакт

Бачев: Преку Христос божјата љубов победи над божјиот гнев, преку македонскиот народ ќе победи Македонија над странските измеќари кои рушат се што е македонско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден упати честитка до православните верници во Македонија и во странство.

„Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и во странство, да ви го честитам Воскресението Христово - Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.

Велигденското празнување ни доаѓа во тешко време на здравствена криза во која врз основа на сите размислувања и информации власта нема институционален капацитет да се справи со кризата. Но, за разлика од останатиот свет, ние Македонците сме нападнати и со уште еден вирус - политичкиот кој брише се што е македонско и го уништува националниот карактер на Македонците.

— реклама —

Здравјето и Татковината немаат цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка со биолошкиот и со политичкиот вирус во Македонија.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

— реклама —

Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.

Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години - се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија до православните верници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања