Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев се поклони на гробот на Гоце Делчев: Нема да дозволиме Гоце повторно да биде предаден како што беше предаден за време на животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

По повод 118 години од смртта на Гоце Делчев, делегација на Единствена Македонија во состав Јанко Бачев престедател на партијата, Ацо Николовски генерален секретар и Вангел Симев член на Извршниот комитет, положи цвеќе на неговиот гроб во Црквата „Св. Спас“.

— реклама —

По тој повод, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:

— реклама —

— реклама —

-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

На денешен ден Гоце Делчев, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија. Сите ние имаме обврска да го продолжиме идеалот на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија, дотолку повеќе што, денес државата ни е окупирана од надворешни и внатрешни непријатели, од марионетска власт која по налог на „ѕверот“ брише се што е македонско. Затоа, обврската наша како Македонци, на оваа генерација Македонци е многу голема.

Не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител да не биде револуционер, да не оди во планините, да си седи дома. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија.

Затоа, за сите нас инспиративно е неговото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија.

Ние во Единствена Макеоднија ветуваме, се заветуваме дека никогаш нема да ги предадеме идеалите за Гоце Делчев.

Гоце Делче еднаш беше предаден за времне на животот. Ние во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта, дотолку повеќе што, денеска марионетската власт во Скопје сака да го подари на туѓа држава. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец.

Да ни е вечен споменот на Гоце Делчев!

Да ни е вечна македонската држава!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања