Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Власта да го покаже потеклото на 11-те милиони евра судска гаранција на Мијалков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Единствена Македонија ја повикува марионетската валст во Скопје јавно да го покаже потеклото на 11-те милиони евра кој Сашо Мијалков ги понуди како гаранција да излезе од притвор.

— реклама —

Некои прашања заслужуваат одговор, а потеклото на 11 милиони евра судска гаранција несомнено е прашање за кое народот мора да го знае одговорот, се вели во соопштението од Единствена Макеоднија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитираме: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. А токму Сашо Мијалков е носител на грабежот кај претходната власт.

Но, за жал, Единствена Македонија однапред изразува скептицизам дека власта јавно пред народот ќе го покаже потеклото на богатството на Мијалков и тоа од оправдани причини: И марионетската власт во Скопје длабоко е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.

Потеклот на имотот во изминатите 30 години може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања