Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија до Заев: Побарај правда и слобода за осудените за 27 април, си ја исполни желбата за одмазда спрема некој од осудените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
2-1

Синоќешниот народен протест како и претходниот на 25 април во подршка на неправедно осудените лица за 27 април покажа дека народот масовно стои зад барањата за правда и слобода за овие лица.

— реклама —

Лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен исказ на сведок и фрлени во темните затворски зандани само поради желбата на Заев за лична одмазда спрема некој од затворените, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Време е власта на Зоран Заев да престане да си поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од обвинетите во најновиот процес кој започна сега против т.н организатори за 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар - слобода за даден глас во Собранието за бришењето на се што е македонско.

Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор за правда и слобода за осудените за 27 април.

Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања