Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев до Вучиќ: Покажа дека не сте исти како другите во соседството, благодарам за бесплатните вакцици во Србија за сите Македонци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод дозволата за бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани. Во продолжение ви го пренесуваме писмото во целост: 

— реклама —

Господин претседателе,

— реклама —

На 9 февруари 2021 ви испратив писмо со кое побарав да дозволите на Македонците кои што сакаат, да се вакцинираат во Србија.

— реклама —

Вчера дојде одговорот од ваша страна. Побаравте од владата на Србија да дозволи бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани. Со тоа Македонците добија статус, еднаков на домашните српски жители. Овој позитивен чекор од ваша страна е доказ за големото пријателство меѓу двете држави.

Дозволете ми да ви честитам на големото лидерство и исклучиво пријателскиот однос спрема Македонија и нејзините државјани. Покажавте дека не сте исти како вашите колеги од соседството кои преземаат акции од непријателски карактер спрема Македонија и Македонците.

Вчерашниот ден, 3 јуни, ќе остане запишан како голем ден за односите меѓу Србија и Македонија. Македонскиот народ никогаш нема да го заборави овој исклучиво пријателски чекор на Србија во ова тешко време на здравствена криза.

Србија покажа дека помага кога е најтешко, посебно кога НАТО и ЕУ не оставија на цедило и кога владата на Република Македонија покажа дека нема институционален капацитет за справување со кризата со Ковид - 19.

Затоа, дозволете ми од име на Единствена Македонија и од свое лично име, да Ви се заблагодарам за бесплатните вакцини во Србија за сите Македонци, со вакцина по свој избор.

Ти Благодарам Вучиќ!

Хвала Ти Вучићу, напиша д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија во писмото до Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања