Единствена Македонија изразува вчудоневиденост од новата извршна наредба на американскоот претседател Џо Бајден со која забранува влез на Македонци во САД кои се залагаат против Преспанскиот договор.
Новата извршна наредба на Бајден покажува дека американскиот претседател ја губи врската со реалност и дека болеста сериозно му напредува. Се поставува прашањето, како може Бајден да казни цел еден народ кој само сака да остане свој на своето, бидејќи, на референдумот на 30 септември 2018 година, поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија рекоа „не“ за преспанскиот договор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Во продолжение на истото се додава:
За Единствена Македонија како и за македонскиот народ нема дилема. Договорот со Грција е дело на непријателите на македонското дело и на марионетска власт во Скопје инсталирана од странски центар која не ја ужива довербата на народот.
Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да го прифатат преспанскиот договор со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Џо Бајден може да воведува санкции колу му душа сака. Првата задача на новата легална власт на Единствена Македонија е поништување на преспанскиот договор кој е во спротивност со домашното и меѓународното право и конституирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Така е во сите современи држави чии устави содржат референца за мнозинскиот народ!
