Ако имавме доволно пожарникари, можеби ова немаше да ни се случува, кои се системските слабости?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pozarnikar

Пожарите во Кочани, Старо Нагоричанe, Малешевијата, Гевгелиско, Скопско ги извадија на површина системските слабости и покажаа дека во изминатите 30 години недоволно се инвестирало во противпожарните служби.

— реклама —

Има проблеми и при спроведувањето на Законот за пожарникарство, а пожарите од големи размери што ја зафатија државата, го отворија и прашањето дали е потребно да се направат законски измени за негово поефикасно спроведување во пракса, како и да се посвети поголемо внимание на формирањето на доброволните противпожарни друштва по примерот на некои соседни држави.

— реклама —

Иако законот налага минимален број на пожарникари во однос на бројот на жители, ретки се општините во кои тоа е запазено. Во најголемиот број на општини, бројот на пожарникари е многу помал во споредба со бројот на жители кои се опслужуваат. Во пракса, законот не се спроведува и во делот каде е наведено дека помалите општини во кои нема противпожарни служби треба да исплаќаат одреден финансиски надомест за пожарникарските интервенции.

— реклама —

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажа дека на државата и недостигаат над 500 пожарникари. Во најголем дел од општините, бројот на пожарникари е под законски утврдениот минимум, а во оние општини кои го задоволуваат минималниот број, противпожарните служби велат дека не е на одмет да имаат повеќе вработени.

Во Законот за пожарникарство точно е пропишано колкав треба да биде минималниот број на пожарникари во однос на бројот на жители, но во реалноста, ситуацијата е поинаква. На Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и недостигаат околу 200 пожарникари за да го задоволи законски пропишаниот минимум, а во Кочани, кој на почетокот на неделава го зафати пожар од досега невидени размери, има 17 пожарникари што е речиси двојно помалку од законски утврдениот минимум, имајќи предвид дека оваа противпожарна служба ги опслужува и општините Зрновце и Чешиново-Облешево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања